„Кралевите“ не запираат со засилување на тимот за новата сезона, но паралелно работат и на „чистка“, Жозе Мурињо сака значително да го скрати ростерот пред почетокот на новата сезона.
Реал Мадрид веќе ги реализираше трансферите на Марк Кукуреља, Бернардо Силва, Дензел Дамфрис и Ибрахима Конте, се очекува доаѓање на Јан Диоманде и Родри, а можеби и уште еден врвен стопер.
Но паралелно се работи и на „чистка“, Жозе Мурињо сака значително да го скрати ростерот пред почетокот на новата сезона.
Како што пренесува „Кадена Сер“, најмалку пет фудбалери, а бројката може да се искачи и до осум, се на излезна врата..
Ферлан Менди и Раул Асенсио не се во плановите на „специјалниот“, неизвесна е и иднината на Едуардо Камавинга, иако Французинот засега нема намера да го напушти Мадрид.
Ендрик и Франко Мастантуоно најверојатно ќе бидат испратени на позајмица со цел да добијат поголема минутажа.
Иако Жозе Мурињо сака да го задржи Гонзало Гарсија, не е исклучена негова продажба доколку Фулам испрати примамлива понуда.
„Кадена Сер“ додава дека не може целосно да се исклучи ниту заминување на Винисиус Жуниор и Орелиан Чуамени. За Бразилецот интерес пројавува Арсенал, доека Манчестер јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со Французинот.