Левандовски останал без 200 милиони евра поради Барселона!

by bojan
1 минути читање

Агентот на Роберт Левандовски открива дека напаѓачот во јануари одбил 200 милиони евра од Саудиска Арабија, сакал да остане на Камп Ноу и чекал понуда од Барселона, која на крајот не пристигна.

Роберт Левандовски ова лето стави крај на авантурата на Камп Ноу и кариерата ја продолжи во САД.

Но неговиот агент Пини Захави сега открива дека малку фалело напаѓачот да се пресели во Саудиска Арабија и да заработува по 100 милиони евра годишно.

Сепак, Роберт Левандовски решил да го одбие овој предлог и да чека понуда од Барселона за продолжување на соработката, која за жал никогаш не пристигна.

„Во јануари 2026 година, Роберт на маса имаше двегодишен договор и плата од 100 милиони евра по сезона. Не ја прифати затоа што сакаше да остане во Барселона. Предлогот важеше само за зимскиот преоден рок, и веќе немаше да биде на маса летото“ – вели Пини Захави.

„Роберт беше отворен за идејата да се пресели во Саудиска Арабија, пред се поради квалитетот на животот таму. Плус временската разлика помеѓу Ријад и Варшава е мала, а Саудиска Арабија е многу поблиску до Полска отколку САД“.

„Но на крајот ништо од тоа не се случи затоа што тој реши да ја почека Барселона. Му реков дека таквата понуда нема да ја има на маса летото, но тој сепак избра да почека“.

Захави потоа објасни зошто „каталонците“ не му понудиле нова соработка на Полјакот: „Лапорта искрено го ценеше Роберт и сакаше да остане уште една сезона. Разговаравме во декември минатата година, и тогаш ми рече: „Сакам Роберт да остане“. Но Лапорта никогаш не се меша во работата на тренерите. Одлуките околу составот ги носат Деко и Ханси Флик“.

„А Деко и Ханси лик имаа различни визии за иднината на Роберт во Барселона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×