Стигна потврда: Швајцарија била жестоко оштетена против Аргентина на Мундијалот!

by Стефан
2 минути читање

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), телото задолжено за Правилата на играта, објави појаснување во врска со примената на ВАР-технологијата за време на Светското првенство 2026 година, со што повторно се отвори дебата за една од најконтроверзните судиски одлуки на турнирот.

Во појаснувањето што го објави ИФАБ се наведува дека ВАР може да се користи во случаи на погрешна идентификација на играчот кој добил жолт картон, но не и за преиспитување или поништување на самата дисциплинска одлука.

„Жолт картон, кој не е втор жолт картон, може да се прегледува исклучиво за да се утврди идентитетот на играчот кој е казнет. Самиот прекршок не може да биде предмет на преглед ниту на измена“, се наведува во појаснувањето на ИФАБ.

Ова толкување ја доведе во прашање одлуката донесена на четвртфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Швајцарија, кој заврши со победа на Аргентина од 3-1. На тој натпревар судијата првично му покажа жолт картон на Леандро Паредес поради прекршок врз Брел Емболо. По интервенцијата на ВАР беше утврдено дека дошло до погрешна идентификација, па жолтиот картон на Паредес беше поништен. Во исто време, Емболо беше казнет за симулирање, што му беше втор жолт картон на натпреварот и автоматски беше исклучен.

Сепак, според новото појаснување на ИФАБ, таквата одлука не била во согласност со правилата. ВАР можел да интервенира само ако бил погрешно идентификуван играчот кој добил жолт картон, но немал овластување да ја менува причината за казнувањето ниту да ја замени првичната дисциплинска одлука со нова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×