Од Јувентус се
уште не можат да се помират со фактот дека доживеаа елиминација во
четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите, на таков начин како што се случи
во реваншот во Мадрид, каде Реал во финишот доби удар од белата точка, по што
избори место во полуфиналето, а Јувентус при 0-3 имаше можност да игра и
продолженија.
Претседателот на
италијанскиот првак а воедно и европски вицешампион, Андреа Ањели, побара
првиот човек на судиската организација при УЕФА, Пјерлуиџи Колина да ја напушти
таа функција, на која, според него, би требало да добива освежување на секои
три или пет години.
„Човекот на таа
функција би требало да се менува на три или пет години. Тоа е одговорна
функција и со промени би се избегнале овие претпоставки, поврзани за неговата
националност“ истакна Ањели.