Барса нема вечно да го чека Алварез, веќе избра алтернатива – голгетер од Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Барселона по секоја цена сака да го засили нападот, но засега Каталонците не успеваат да направат значаен напредок во преговорите со Хулијан Алварез кој е нивна најголема желба.

Проблемот е што Атлетико Мадрид одбива да го продаде својот напаѓач на големиот ривал. Каталонците се свесни дека тешко ќе ги натераат „јорганџиите“ да седнат на преговарачка маса, освен ако самиот Алварез уште еднаш не притисне за трансфер во Каталонија.

Доколку не дојде до такво сценарио, Барселона веќе подготвува алтернативно решение, Ели Џуниор Крупи.

Според Фабрицио Романо, Барселона веќе стапила во контакт со Борнмут, но првиот одговор од англискиот клуб бил негативен. Борнмут не сака да се откаже од својот голгетер, но доколку пристигне голема понуда, ситуацијата би можела да се промени.

Крупи има само 20 години, а во Борнмут пристигна од Лориен за 13 милиони евра. Само година и пол подоцна неговата вредност се проценува на околу 100 милиони евра.

За неговите услуги веќе се интересираа голем број европски гиганти, меѓу кои се споменуваа Тотнем, Арсенал и Манчестер сити, а сега во трката се вклучи и Барселона.

Крупи е Французин со португалско потекло, роден е во Лориен, а иако сè уште нема дебитирано за сениорската репрезентација на Франција, има настапи за сите младински селекции на „триколорите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×