Ниту Манчини, ниту Конте, се појави нов фаворит за селектор на Италија

by Стефан
1 минути читање

Тијаго Мота е најновиот кандидат за селектор на Италија, откако италијанските медиуми објавија дека преговорите со младиот стратег веќе се во тек.

Според „Газета дело Спорт“, Мота би можел да биде компромисно решение кое ќе ги обедини ставовите на Паоло Малдини, Леонардо и претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Џовани Малаго.

Се наведува дека Малдини и Леонардо се залагаат за воведување на помодерен пристап во италијанскиот фудбал, додека Малаго преферира тренер со поголемо искуство, а Мота се смета за кандидат кој може да ги исполни очекувањата на сите страни.

Тијаго Мота следниот месец ќе наполни 44 години. Како фудбалер настапуваше за италијанската репрезентација, а во Серија А пристигна во 2008 година како играч на Џенова. Подоцна го носеше дресот на Интер, пред во јануари 2012 година да се пресели во Пари Сен Жермен.

Во тренерската кариера ги водеше Џенова и Специја, а најголемиот успех го постигна со Болоња, која по две успешни сезони ја однесе до пласман во Лигата на шампионите.

Во летото 2024 година ја презеде клупата на Јувентус, но неговата авантура во Торино траеше кратко. Во март 2025 година доби отказ, откако на 42 натпревари забележа 18 победи, 16 нерешени резултати и осум порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×