Челси носи шокантно засилување за нападот?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ го поврзуваат Челси со шокантен трансфер и ангажман на 35 годишниот Дени Велбек како засилување за нападот.

„Сините“  ова лето го соборија сопствениот рекорд и платија 117 милиони евра за 24 годишниот Морган Роџерс.

Но сега се пишува за одење во сосема друга крајност, Челси опипува терен за ангажман на 35 годишниот Дени Велбек од Брајтон.

Веста за шокантен трансфер прв ја објави Атлетик, а на неа се надоврза и Дејли Мејл.

Се говори дека Чаби Алонсо дал зелено светло за една ваква зделка, верува дека поранешниот играч на Манчестер јунајтед и Арсенал со своето искуство и лидерски способности ќе донесат дополнителни квалитети и стабилност во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×