Барселона не го пушта шпанскиот мундијалски херој!

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона нема намера да го продаде Феран Торес и покрај сè погласните шпекулации дека ПСЖ е сериозно заинтересиран за шпанскиот репрезентативец. Според „Мундо Депортиво“, каталонскиот клуб досега не добил никаква официјална понуда ниту од францускиот шампион, ниту од играчот или неговите застапници.

Во Барселона сметаат дека доколку Торес сака трансфер, тој прво треба лично да побара заминување, но во моментов такво нешто не е на повидок. Напротив, клубот сериозно смета на напаѓачот и планира да му понуди нов договор.

Актуелниот договор на Торес истекува во летото 2027 година, а преговорите за продолжување на соработката се очекува да започнат во септември, по завршувањето на летниот преоден рок, со цел полесно да се испочитуваат правилата за финансиски фер-плеј.

Шпанецот зад себе ја има најдобрата сезона откако пристигна на „Камп Ноу“, постигнувајќи 21 гол на 49 натпревари, со што го подобри учинокот од претходната сезона кога запиша 19 погодоци на 45 средби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×