Судијка сакаше да прекине тепачка на пријателски меч – си доби потрес на мозокот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Пријателскиот натпревар меѓу Мец и Фортуна Ситард беше прекинат по сериозен инцидент во кој настрада главната судијка Матилда Демонсе.

Во финишот на првото полувреме избувна масовна турканица меѓу фудбалерите на двата тима, а Демонсе се обиде да ја смири ситуацијата. Во метежот беше оттурната и падна на тревникот, по што неколку минути остана да лежи додека медицинскиот тим ѝ укажуваше помош.

Француските медиуми објавија дека судијката се здобила со потрес на мозокот и не можела да го продолжи натпреварот. Инцидентот се случи на стадионот „Шлосберг“ во Форбах, каде двата клуба ги одработуваа подготовките за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×