Баркола го одбил ПСЖ, следна станица може да биде Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Бредли Баркола донел одлука да не го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, пренесува Фабрицио Романо. Францускиот напаѓач е отворен за нов предизвик, а најверојатно следната дестинација ќе му биде англиската Премиер лига.

Баркола има договор со ПСЖ до средината на 2028 година и во изминатите сезони уживаше во голем успех со клубот. Левокрилниот фудбалер двапати по ред ја освои Лигата на шампионите со парижани, покрај бројните други трофеи на домашната сцена.

Сепак, минатата сезона 23-годишникот не беше неприкосновен стартер кај тренерот Луис Енрике. Во најголемиот дел од натпреварите, Дезире Дуe и Кварацхелија добиваа предност на крилните позиции. Поради тоа, Баркола веќе подолго време се поврзува со заминување од „градот на светлината“, а договорот кој му трае до 2028 година не помогна многу да се смират шпекулациите за негово напуштање на Париз.

Откако Баркола решил да не потпише нов договор, новинарот Бен Џејкобс тврди дека ПСЖ најверојатно ќе се обиде да го продаде. Неговата вредност се проценува на најмалку 90 милиони евра.

Романо додава дека Ливерпул го гледа Баркола како идеално засилување за напаѓачката линија, па би можел да ја искористи ситуацијата. Иако, тренерот Ираола разгледува и други опции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×