Ипсвич продолжи со засилувањето на тимот по враќањето во англиската Премиер лига и официјално објави дека во своите редови го доведе јапонскиот репрезентативец Даизен Маеда.
Искусниот напаѓач, кој долго време со успех настапуваше за Селтик, потпиша тригодишен договор, а британските медиуми наведуваат дека трансферот е вреден околу 10 милиони фунти.
Маеда стана првиот јапонски фудбалер во историјата на Ипсвич, а по потпишувањето не го криеше задоволството.
„Отсекогаш сонував да заиграм во Премиер лигата и пресреќен сум што тој сон ќе го остварам токму во овој клуб. Мојата цел е да ѝ помогнам на екипата со голови, асистенции и максимално залагање на секој натпревар“, изјави Маеда.
Јапонецот за Селтик одигра 212 натпревари и постигна 79 голови, а со „клетите“ освои пет титули шампион на Шкотска и пет домашни куп-трофеи.