Мечот помеѓу Реал
Мадрид и Јувентус имал трето полувреме во подтрибинскиот простор на Сантијаго Бернабеу. По последниот свиреж
на судијата и контроверзниот пенал со кој „Кралевите“ се пласираа во
полуфинале, гостинските фудбалери сакале да делат правда во тунелот кон
соблекувалната.
Џиџи Буфон, Џорџо
Киелини и Масимо Алегри биле бесни, му се пуштиле на Мајкл Оливер и барале
објаснување за одлуката да покаже на белата точка.
Беле размените и
навреди со дел од играчите и персоналот на Реал Мадрид, кои го славеле
пласманот помеѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.
До поголем
инцидент не дошол бидејќи на време реагирала полицијата но и Серхио Рамос, кои
ги смирувале страстите. На крајот се се завршило со прегретка помеѓу Рамос и
Буфон, и играчите на двата тима се упатиле во своите соблекувални.