Шкендија добила намалување на казната за скандалот од купот и два натпревари како домаќин ќе игра во Скопје!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија првите два натпревари од сезоната како домаќин ќе ги игра во Скопје на тренинг-центарот Петар Милошевски.

Поради реконструкцијата на стадионот во Тетово, Шкендија за домашен терен го пријави стадионот во Гостивар, меѓутоа овие два дуели ќе се играат во Скопје поради казната изречена во финалето во Купот минатата сезона.

Шкендија тогаш беше казнета со четири натпревари без присуство на публика, но по жалбата казната се намали на две.

Па така поради подобрата тревна подлога во Тетово одлучиле дуелите да се играат во Аеродром.

Сезоната Шкендија ја отвора против Скопје в недела од 19:00 часот, а вториот натпревар кој ќе го играат на овие терени ќе биде средбата од третото коло на 15 август против Брегалница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×