ГДС откри дека Гвардиола побарал богатство за да стане селектор на Италија

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Како што пренесува Газета дело Спорт, Пеп Гвардиола побарал 20 милиони евра годишно за да стане нов селектор на Италија, но Паоло Малдини порача дека парите не се проблем кај шпанскиот стратег.

„Аѕурите“ се во потрага на нов селектор и изминатиов викенд, Паоло Малдини со својот советник Леонардо остварија средба со Пеп Гвардиола.

Денешното издание на Газета дело Спорт објави дека шпанскиот стратег побарал богатство за да седне на кормилото на Италија, односно годишна плата од 20 милиони евра.

На денешната средба со новинарите, Паоло Малдини не сакаше да навлегува во детали и само кратко порача дека парите не се проблем за Пеп Гвардиола. Тој исто така откри дека разговарале со уште едно звучно име, односно Карло Анчелоти.

„Би сакал да го имаме новиот селектор уште оваа недела, но ако треба да почекаме за да го донесеме човекот што навистина го сакаме, тогаш подготвени сме за тоа. Не сакаме да брзаме по секоја цена“ – вели новиот технички директор на репрезентацијата на Италија.

„Не сакам да навлегувам во детали, знаете дека разговаравме со Пеп, но пред да седнеме со него, разговаравме и со Карло Анчелоти. Природно беше најпрво да разговараме со тренерите кои ги сметаме за најдобри во светот. Моравме прво со нив да опипаме терен дали постои можност за соработка“.

За написите дека Гвардиола побарал 20 милиони евра годишно, тој додаде: „Кај Пеп, парите не се проблем“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×