Aрсенал ги потврди лошите вести за Салиба

by Стефан
1 минути читање

Арсенал потврди дека дефанзивецот Вилијам Салиба ќе отсуствува подолг период од терените поради повреда на грбот, која ја влоши за време на Светското првенство.

Дваесет и петгодишниот француски репрезентативец со недели се мачеше со проблемите со грбот, а и покрај тоа настапи на Мундијалот. Во полуфиналниот натпревар против Шпанија беше принуден да ја напушти играта уште по 30 минути.

По враќањето во Лондон, Салиба беше прегледан од специјалист, по што било одлучено дека нема потреба од оперативен зафат. Наместо тоа, ќе започне програма за контролирана рехабилитација.

Според британските медиуми, се очекува францускиот стопер да паузира до четири месеци за целосно да закрепне и да биде подготвен за новата сезона. Поради повредата, Салиба не настапи ниту во натпреварот за третото место на Светското првенство, во кој Франција беше поразена од Англија.

Минатата сезона тој одигра 50 натпревари во сите конкуренции за Арсенал, кој ја освои титулата во Премиер лигата и стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Тимот на Микел Артета на 16 август ќе се соочи со Манчестер сити во Комјунити шилд, а пет дена подоцна ќе ја започне одбраната на шампионската титула во Премиер лигата со дуел против Ковентри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×