Суарез го расипа дебито на Левандовски за Чикаго (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Само три дена по завршувањето на Светското првенство, возбудувањата продолжија во американската МЛС лига, а ноќта ја одбележа дебито на Роберт Левандовски во дресот на Чикаго Фајр.

Полскиот напаѓач за првпат настапи за својот нов клуб на гостувањето кај Интер Мајами, кој играше без Лионел Меси, но во составот го имаше новото засилување Касемиро.

Иако Чикаго важеше за фаворит, домаќинот стигна до победа од 3-2, предводен од расположениот Луис Суарез. Искусниот Уругваец беше двоен стрелец, прво реализираше пенал во 27. минута, а потоа погоди и во 51. минута по асистенција на Бертерам.

Чикаго поведе со автоголот на Риос, а подоцна преку Дитеџане успеа да израмни на 2-2. Сепак, победничкиот погодок за Интер Мајами го постигна Пламбек во 87. минута.

Суарез така продолжи со одличниот голгетерски учинок против Чикаго, клуб против кој сега има шест погодоци на само четири натпревари.

Левандовски на теренот остана до 62. минута, но не успеа позначително да влијае на играта на својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×