Четворица фудбалер на Барселона не го сакаат Хулијан Алварез на Камп Ноу

by bojan
1 минути читање
Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е прва желба на Барселона за засилување на нападот

Жоан Лапорта го идентификуваше Хулијан Алварез како идеално засилување за нападот, но последните информации велат дека дел од соблекувалната на Барселона се противи на еден ваков трансфер.

Иднината на Хулијан Алварез и понатаму е една од главните трансфер теми во Шпанија, Барселона достави понуда, напаѓачот не крие дека сака да ја продолжи кариерата на Камп Ноу, но Атлетико Мадрид останува категоричен дека нема намера да го продаде Аргентинецот.

И додека Жоан Лапорта инсистира на ангажман на Хулијан Алварез, дел од соблекувалната се противи на една ваква зделка.

Како што објави „Ел Насионал“, најмалку четворица фудбалери не се воодушевени од можноста репрезентативецот на „гаучосите“ да го облече дресот на Барса.

Прв на оваа листа е Феран Торес, кој верува дека има квалитет да го предводи нападот и сериозно размислува за заминување и трансфер во ПСЖ доколку треба да биде втора опција.

Педри и Гави размислуваат слично, и тие веруваат дека Феран Торес треба да добие шанса пред Хулијан Алварез.

Рафиња пак верува дека со ангажманите на Ентони Гордон и Карим Адејеми, клубот веќе има доволно офанзивни засилувања и не треба да потроши 150 милиони евра за Хулијан Алварез.

„Ел Насионал“ исто така додава дека спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик исто така преферираат поевтино решение, но Жоан Лапорта е тој кој инсистира по секоја цена да го донесе популарниот „пајак“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×