Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи успешната приказна со Луис де ла Фуенте и веќе подготвува нов договор за актуелниот селектор.
Претседателот Рафаел Лоусан потврди дека федерацијата има намера да ја продолжи соработката најмалку до Светското првенство во 2030 година, а воедно најави и подобри финансиски услови за стратегот.
„Може да се каже дека Де ла Фуенте ќе остане со нас долго време. Јас бев тој што се занимаваше со неговото претходно обновување на договорот. Во тоа време имав чест да склучам важен, неопходен и фер договор. Сега нашата задача е да ги подобриме неговите услови и да ја продолжиме соработката“, изјави Лоусан.
Доколку биде постигнат договор, Де ла Фуенте ќе ја предводи Шпанија и на Мундијалот во 2030 година, кога оваа земја ќе биде еден од домаќините. Во тој случај, „црвената фурија“ ќе има можност како актуелен светски шампион да ја брани титулата пред своите навивачи, нешто што досега не му успеало на ниту еден национален тим.