120
Милан би можел да остане без една од своите најголеми ѕвезди до крајот на летниот преоден рок, бидејќи Астон Вила се поврзува со трансфер на Рафаел Леао.
Англискиот клуб располага со значителен буџет по продажбата на Морган Роџерс во Челси за 117 милиони фунти, а дел од тие средства би можеле да бидат искористени за ангажман на португалскиот репрезентативец.
Според последните информации, Милан бара 60 милиони евра за Леао, но не е исклучено да прифати и понуда од околу 50 милиони евра. Самиот фудбалер наводно е подготвен за нов предизвик и ја чека вистинската понуда од Премиер лигата.
Во Милан ова лето има доста промени, а делува дека дојде времето за разделба со португалското крило.