Шпанските репрезентативци се вратија во Мадрид, каде што заедно со илјадници навивачи го прославија освојувањето на втората светска титула.
По парадата низ улиците на главниот град следуваше централната прослава, на која фудбалерите еден по еден излегуваа на сцената. Тогаш при претставувањето на Жереми Пино се случи моментот што експресно стана вирален на социјалните мрежи.
Водителот на програмата, Раул Рамос, најавувајќи го шпанскиот репрезентативец, се пошегува на сметка на Кристијано Роналдо.
„Во Ломо дел Ченто, Пино го нарекуваа Кристијано Роналдо, а знаете која е разликата? Пино има трофеј од Светско првенство“, изјави Рамос.
Неговата забелешка предизвика воодушевување кај присутните навивачи, а снимката за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции, особено меѓу фановите на португалската фудбалска ѕвезда.
"LE LLAMABAN CRISTIANO RONALDO PERO ÉL SI QUE TIENE UN MUNDIAL."
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) July 20, 2026
QUÉ FALTA DE RESPETO 🤢🤢🤢 pic.twitter.com/LtixtzB1DS