Шпанците срушија неколку рекорди со освојувањето на трофејот на Светското првенство!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанија испиша нова страница во историјата на репрезентативниот фудбал, откако со триумфот од 1-0 над Аргентина во финалето на Светското првенство стигна до 38. натпревар во низа без пораз.

Со тоа избраниците на Луис де ла Фуенте го подобрија досегашниот светски рекорд, кој беше во сопственост на Италија со серија од 37 натпревари без пораз остварени во периодот од 2018 до 2021 година.

Неверојатната низа на Шпанците започна по поразот од Колумбија во пријателски натпревар во март 2024 година. Оттогаш, „црвената фурија“ не знае за неуспех, а во меѓувреме ги освои титулите на Европското првенство во 2024 и Светското првенство во 2026 година.

Покрај рекордната серија без пораз, Шпанија блескаше и во дефанзивата на Мундијалот, примајќи само еден гол во текот на целиот турнир, што претставува уште едно историско достигнување за новиот светски шампион.

Претходно Шпанците (2010), Италијанците (2006) и Французите (1998) беа единствени селекции кои стигнале до тронот со по два примени погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×