Тренерот на Силекс, Александар Васоски е разочаран од елиминацијата на кратовскиот клуб кој несреќно загуби на пенали од Динамо Минск.
Силекс со предност од 1-0 остварена во првиот меч го почна денешниот натпревар против Динамо Минск, но кратовскиот тим не успеа да ја сочува позитивата и доживеа елиминација.
„Ова беше еден исцрпувачки натпревар. Влеговме некако со страв во првите 20 минути, несвесно се повлековме иако беше кажано да нападнеме од првата минута, да не го браниме толку рано резултатот, но откако примивме гол се разбудивме. Немавме многу стопостотни шанси, но Велиновски ја имаше шансата на натпреварот кога излезе сам пред гол. Во Европа знаете, доколку не се искористат тие шанси за гол… за жал испаднавме на пенали, тоа е лотарија. Нема што да им замерам на момците. 120 напорно минути, имавме свои моменти, меѓутоа фудбалот е таков за жал и мора да се помириме со тоа“, рече Васоски на прес-конференцијата по натпреварот.