Борнмут и Фиорентина попладнево официјално го потврдија трансферот на Алекс Хименез, кој во сезоната 2026/27 ќе настапува на позајмица во Фиренца.
Популарните „цреши“ во февруари месец ја искористија опцијата во целост да го купат Алекс Хименз од Милан во зделка вредна околу 20 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Но Борнмут сега реши експресно да се ослободи од десниот бек, денеска пристигна информација дека тој се сели во Фиорентина, каде ќе игра на позајмица во сезоната 2026/27.
Причина за ваквата зделка не се фудбалските квалитети на Шпанецот, туку неговото однесување надвор од терените.
Во мај месец „пукна“ скандал откако беше откриено дека Алекс Хименез на социјалните мрежи се допишувал со 15 годишно девојче, па Борнмут веднаш го суспендираше, а истрага покрена и ФА.
ФОТО: X/AFC Bournemouth