Аргентина е првиот финалист на Светското првенство, откако во драматичното полуфинале одиграно синоќа во Атланта ја совлада Англија со 2:1. Но, по последниот судиски свиреж дојде и до мал инцидент на теренот.
Додека аргентинските фудбалери го славеа пласманот во финалето, Џуд Белингем стоеше разочаран на средината од теренот, на неколку метри од нив. Во еден момент, ненадејно тргна кон противничките играчи и од зад грб го удри по главата левиот бек Валентин Барко.
Аргентинецот веднаш ја прекина прославата и влезе во вербална расправија со Белингем, по што се вмешаа и останатите фудбалери на Аргентина. Набрзо дојде до турканица меѓу играчите на двете репрезентации, па ситуацијата брзо беше смирена.
😱 ¡EL ENGANCHÓN DE BELLINGHAM CON LOS JUGADORES DE ARGENTINA TRAS EL FINAL!#NuestroMejorMundial #NuestroMejorMundialAS @jfelixdiaz @as_tv pic.twitter.com/9Y8rlgG2TL
— Diario AS (@diarioas) July 15, 2026