Колина брзо му одговори на Дешам на критиките за судењето

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешам, по поразот од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство упати критики кон судењето на главниот арбитар Иван Бартон од Ел Салвадор. Францускиот стратег јавно се запраша дали судијата бил на нивото на натпревар од ваков ранг, а неговите коментари експресно добија одговор од ФИФА.

Иако нагласи дека не сака да звучи како некој што бара оправдувања за поразот, Дешам не го криеше незадоволството од арбитражата.

„Не го велам ова затоа што загубивме, но дали мислите дека судијата беше на нивото на едно полуфинале? Тоа е само прашање. Треба да се погледне целиот натпревар, а не само пеналот. Нема да навлегувам во детали“, изјави Дешам.

Помалку од 24 часа подоцна пристигна и официјален одговор од ФИФА. Претседателот на Судиската комисија на светската куќа на фудбалот, Пјерлуиџи Колина, застана во одбрана на Бартон и јасно порача дека организацијата има целосна доверба во неговата работа.

„Како одговор на коментарите на Дидие Дешан, со кои се доведува во прашање дали судијата го имал потребното ниво за полуфинале, ставот на ФИФА е јасен, да, дефинитивно го имаше“, изјави Колина.

Легендарниот поранешен италијански судија нагласи дека со ова не го брани само Бартон, туку и целокупната судиска организација на Светското првенство.

„Нашите судии се од светска класа“, порача Колина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×