Како што пренесува Газета дело Спорт, Милан на продажба става седум фудбалери и сака да прибере околу 150 милиони евра.
„Росонерите“ го отворија трансфер пазарот со испишување историја и го направија Гонсало Рамош од ПСЖ своето најскапо засилување во зделка вредна околу 70 милиони. Потоа беше потврден и трансферот на Марио Хила од Лацио и се стигна до бројката од 100 милиони евра потрошени на нови имиња.
Сметките сепак ќе мораат да се балансираат, па на продажба ќе бидат ставени седум фудбалери и целта е да се приберат околу 150 милиони евра.
Во моментов најблиску до заминување е Первис Еступињан, за кого интерес пројавува Астон Вила и се шпекулира дека левиот бек би можел да ја промени средината за 15 милиони евра.
Таква сума ќе се бара и Фикајо Томори, кој е под договор до јуни 2027 и ова е последна шанса да се заработи нешто од негова продажба.
Слична е ситуацијата и на Рубен Лофтус Чик, кој ги одработува последните 12 месеци, не е дел од долгорочните планови, па и за него се бара купец.
На трансфер листа се и Јусуф Фофана, кој не се вклопува во замислите на Рубен Аморим, како и младиот Ворен Бондо, кој не се снајде на Сан Сиро.
Ќе мора да биде жртвувана и една ѕвезда во името на Рафаел Леао, за кого ќе се бараат нешто преку 60 милиони евра, како и Санти Хименез, кој не се наметна по трансерот од Феенорд.