Андер Ерера повторно ќе го носи дресот на Сарагоса, откако искусниот шпански фудбалер се врати во клубот каде што ја започна професионалната кариера.
36-годишниот играч за врска потпиша едногодишен договор и ќе се обиде да му помогне на својот матичен клуб експресно да се врати во Втората шпанска лига, по испаѓањето во третиот ранг на фудбалот.
Ерера зад себе има богата кариера, настапувајќи за Атлетик Билбао, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Бока Јуниорс, а сега реши да се врати таму каде што сè започна.
Сарагоса последен пат беше дел од Ла Лига во сезоната 2012/13, а по долгогодишниот пад минатата сезона испадна и во третата шпанска лига.