Малку фалеше за сензација, Вардар е елиминиран по 120 минути игра!

by riste
1 минути читање

Вардар беше блиску до сензационален резултат, но не успеа да направи чудо, црвено-црните победија со 3-2, но се елиминирани поради поразот во Скопје од 0-2.

За разлика од мечот во Скопје, Вардар денеска одигра многу подобар натпревар, но за жал не успеа да го круниса тоа и со радост. Момците на Фабијани го добија мечот, но победата беше пирова, вкупниот резултат од двата меча беше 4-3 за КуПС.

Првото полувреме беше изедначено. Николов имаше добра шанса во воведниот дел од мечот, но биеше крај голот на домаќините.

Шанса имаа и фудбалерите на КуПС кои за малку не искористија еден кикс на Дарко Велковски.

Резултатот беше отворен во 59. минута кога Саволаинен постигна автогол за предност на Вардар од 1-0.

Во самиот финиш на регуларниот тек беше досуден пенал за Вардар поради фаул во шеснаесетникот врз Родригеш. Закариќ биеше прецизно од белата точка за водство на Вардарци и од 2-0.

Тоа беше резултат од првиот дел, натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути.

По десет минути игра од првото продолжение, Армах даде гол за 1-2, но веќе во следниот напад Вардар ја врати позитивата од два разлика, Пуелио погоди со глава за 1-3. Македонскиот тим пак имаше добар резултат во рака.

Но, во судиското продолжение од првото екстра време, КуПС доби пенал кој го реализираше Парзишек за 3-1.

Вардар се обидуваше до крај, но не успеа да дојде до гол и да се избори за пенали.

Македонскиот шампион се префрла во квалификациите од Конференциската лига каде ќе игра со поразениот од мечот меѓу Рига и Арарат.

ФОТО: Johanna Pelttari

Можно е и ова да ти се допаѓа

×