„Росонерите“ опипуваат терен за ангажман на Нусаир Мазрауи од Манчестер јунајтед, кој може да покрие неколку позиции во одбраната и имаше добра соработка со Рубен Аморим на „Олд Трафорд“.
Милан забрзано работи на тимот за новата сезона, на Сан Сиро пристигнаа Гонзало Рамош и Марио Хила.
Последните информации на медиумите од Италија велат дека Рубен Аморим побарал ангажман на Нусаир Мазрауи.
Мароканецот, кој може да покрие неколку позиции во одбраната, беше еден од најомилените играчи на Португалецот во Манчестер јунајтед, па стратегот сака повторно да соработуваат.
Милан веќе опипал терен и отворил преговори со агентот Рафаела Пимента, но во овој момент не е доставена конкретна понуда до „ѓаволите“.
Оваа зделка може да биде тесно поврзано со обидите на Астон Вила да го ангажира Первис Еступињан. Клубот од Вила Парк нуди помеѓу 10 и 12 милиони евра, додека пак Милан постави цена од 18 милиони евра.
ФОТО: X/Manchester United