Силекс го распродаде стадионот за реваншот против Динамо Минск

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Силекс утре го играат реваншот против Динамо Минск во квалификациите за Конференциската лига и во него ќе бранат предност од 1-0 од првиот натпревар.

Првиот натпревар поради воената ситуација во Белорусија се играше во Бугарија и таму освојувачот на Купот на Македонија победи со голот на Хусакиќ.

Денеска кратовчани ја известија јавноста дека билетите за реваншот кој ќе се игра на „Петар Милошевски“ стадионот е распродаден.

„ФК Силекс ја известува јавноста дека сите влезници за реванш натпреварот од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига помеѓу ФК Силекс и ФК Динамо Минск се целосно распродадени! Ви благодариме за огромната поддршка. Во четврток очекуваме исполнети трибини и силна атмосфера на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје“, соопшти Силекс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×