Знаете ли кој е виновен што Белингем не доби жолт картон и суспензија за полуфиналето на СП?

by 24 фудбал
1 минути читање

Џуд Белингем ќе му биде на располагање на Томас Тухел за полуфиналниот натпревар против Аргентина, откако успеа да избегне жолт картон во четвртфиналната победа над Норвешка.

Фудбалерот на Реал Мадрид влезе во мечот со еден жолт картон и ризикуваше суспензија, но одигра дисциплинирано, постигна два гола и беше еден од најзаслужните за пласманот на Англија меѓу четирите најдобри. По натпреварот откри дека најголемата заслуга за тоа што останал „чист“ има неговата мајка, која цела седмица го советувала да не влегува во непотребни расправии и ризични дуели.

Мајка ми постојано ми велеше да внимавам што зборувам, како реагирам и како влегувам во дуелите. Ми повторуваше да не добијам жолт картон. На крајот успеав да останам смирен, а и судијата имаше одличен критериум. Среќен сум што одиграв добар натпревар и што ќе бидам дел од полуфиналето“, изјави Белингем.

Англија во борбата за место во финалето ќе се сретне со актуелниот светски шампион Аргентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×