„Би-Би-Си“ објави снимка како доказ дека ФИФА лаже! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Четвртфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Англија и Норвешка го одбележа контроверзната ситуација од самиот финиш на првото полувреме, кога Џуд Белингем во втората минута од судиското продолжение израмни на 1:1.

Спорниот момент се случи по исфрлувањето на топката од голманот на Норвешка, Александер Ниланд. Уште во телевизискиот пренос изгледаше дека топката ја закачила сајлата поставена над теренот, која служи за движење на телевизиската камера, по што нејзината траекторија видливо се променила.

Фудбалерите и стручниот штаб на Норвешка жестоко протестираа, сметајќи дека поради тоа голот е нерегуларен. Сепак, францускиот судија Клеман Тирпан ги игнорираше нивните приговори и не го поништи голот, а реакција немаше ниту од ВАР-собата.

Дополнителни сомнежи предизвика и 3Д-графичката симулација на спортската редакција на Би-Би-Си („3d-bbc.co.uk“), која ги следи движењата на сите 22 играчи, судијата и топката преку сензори. Во симулацијата јасно се забележува дека топката удира во неидентификуван објект, по што нејзиниот лет нагло се скратува.

И покрај необичната и, според многумина, физички невозможна траекторија на топката, која се забележува и во телевизискиот пренос и во симулацијата на Би-Би-Си, ФИФА излезе со објаснување дека топката не ја погодила сајлата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×