ФИФА докажува дека првиот гол на Англија бил регуларен: Немаше допир со кабел (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Англија со пресврт ја совлада Норвешка и избори пласман во полуфиналето на Светското првенство, но првиот гол на Џуд Белингем предизвика реакции.

Норвежаните поведоа во 36. минута преку Андреас Шјелдеруп, но Белингем во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме го израмни резултатот. Англискиот репрезентативец потоа повторно беше прецизен и на почетокот од првото продолжение, комплетирајќи го пресвртот.

Сепак, најмногу внимание привлече акцијата што му претходеше на израмнувачкиот погодок. По краткото исфрлање на норвешкиот голман Орјан Ниланд, Англија брзо организираше напад и стигна до гол. Ниланд веднаш реагираше кај главниот судија, тврдејќи дека топката во лет го допрела висечкиот кабел на камерата над теренот, што, според него, ја променило нејзината траекторија.

Но, според објавата на ФИФА топката немало никаков допир, а доказ за тоа вградениот сензор.

„Пред голот на Англија во 45+2. минута против Норвешка, сензорот во топката не регистрираше никаква промена во нејзините параметри додека беше во воздух. Затоа нема докази дека топката го допрела кабелот над теренот и поради тоа ја променила својата траекторија“, соопштија од ФИФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×