188
Како што пренесува Скај Германија, репрезентативецот на Швајцарија, Јохан Манзамби е пред трансфер во Њукасл во зделка вредна околу 60 милиони евра.
20 годишниот Јохан Манзамби е една од сензациите на мундијалот во САД, офанзивниот фудбалер постигна 3 погодоци и забележа 2 асистенции, па го привлече вниманието на многу клубови.
Како што пренесува Скај Германија, Њукасл реагирал најбрзо и постигнал договор со Фрајбург за зделка вредна околу 60 милиони евра, што ќе биде најголемиот трансфер во историјата на клубот од „Европа Парк“ стадионот.
Се очекува зделката да биде комплетирана по крајот на Светското првенство.
ФОТО: X/🇨🇭 Nati