Неколку извори од „островото“ пренесуваат дека Бруно Гимараеш го известил Њукасл дека сака да ја продолжи кариерата во Арсенал, но проблем е цената од 90 милиони фунти која ја поставил клубот од „Сент Џејмс Парк“.
„Топчиите“ до овој момент се прилично тивки на трансфер пазарот, во целост го купија Пјеро Инкапие, а го ангажираа и Илан Мелије, кој пристигнува беспари од Лидс и ќе биде втора или трета опција за голманската позиција.
Но последните информации велат дека, руно Гимараеш наскоро може да стане првото големо засилување за Микел Артета ова лето.
Бразилецот веќе му кажал ДА на клубот од Северен Лондон, а го известил и Њукасл дека сака да ја продолжи кариерата во Арсенал.
Сега двата клуба треба да пронајдат заеднички јазик за висината на зделката, и проблем е цената која ја поставиле популарните „страчки“.
Њукасл припра околу 170 милиони од Гордон и Тонали, па не е под притисок да го продаде Бруно Гимараеш, и за разделба бара дури 90 милиони фунти.
Веќе одби две понуди, една од 55 милиони фунти, и втора од 65 милиони фунти. Се најавува дека Арсенал ќе достави и трет предлог, вреден помеѓу 72 и 75 милиони фунти, и останува да се види дали ова ќе биде доволно за компромис и реализирање на трансфер.
ФОТО: X/Newcastle United