Мароко со провокација до Шпанија: Не познавам ниту еден Шпанец по име Јамал!

by bojan
1 минути читање
Ламин Јамал го постигна својот прв гол на Светските првенства

Првиот човек на Фудбалската федерација на Мароко, Фузи Лекја упати зајадливи коментари на адреса на „црвената фурија“, вели дека не познава ниту еден Шпанец по име Ламин Јамал.

Мароко има одлична репрезентација, главниот костур е од играчи кои се родени во друга земја.

И суперталентираниот Ламин Јамал можеше да го облече дресот на популарните „Атласки лавови“, но младиот напаѓач реши да настапува за Шпанија.

Па во пресрет на потенцијално полуфинале помеѓу двете репрезентации, од таборот на Мароко упатија зајадливи коментари.

„Не познавам ниту еден Шпанец по име Јамал. Никогаш во историјата на шпанската репрезентација немало играч со такво име“ – вели претседателот на Фудбалската федерација на Мароко, Фузи Лекја.

Тој потоа додаде: „Ја почитуваме неговата одлука, никогаш не сме ја оспориле. Никогаш не сме го промениле нашиот однос кон семејството на Јамал, од она што го знам, тие редовно ги минуваат одморите во северниот дел на Мароко, од каде што потекнуваат, и секогаш ќе бидат добредојдени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×