Македонскиот младински репрезентативец Марко Стојилевски е нов фудбалер на српскиот второлигаш Смедерево.
Дваесетгодишниот дефанзивец е производ на младинската школа на Вардар, каде што ги помина сите возрасни категории, а во досегашната кариера беше стандарден член на младинските селекции на Македонија, вклучувајќи ја и селекцијата до 21 година.
Стојилевски е висок 183 сантиметри и покрај тоа што негова природна позиција е десен бек, успешно може да игра и како централен дефанзивец.
Во изминатата сезона настапуваше за Брера Струмица во Првата македонска фудбалска лига, каде што стекна значајно сениорско искуство и го продолжи својот фудбалски развој.
Од Смедерево преку официјалната објава му посакаа многу здравје, успеси и победи во новата средина.