131
Волвс со 1-0 победи во Кардиф благодарение на гол на Невес во 67. минута, но тоа што беше интересно се случуваше во судиското продолжение.
Судијата покажа пет минути, а во 93. минута Кардиф доби пенал. Мадин шутираше, гостинскиот голман одбрани. Веднаш потоа беше досуден нов пенал, овој пат Хоилет ја затресе пречката и судијата свирна крај.
Волвс се уште го нема теоретски обезбедено пласманот во Премиерлигата, но тоа е само формалност.