Дел од светските медиуми побрзаа да го прогласат Меси за најдобар асистент на Светските првенства на сите времиња, но ќе треба да почекаат за тоа.
Меси урна рекорд по број на одиграни натпревари на Мундијалите, сега има 30, најмногу во историјата.
А, малку фалеше да биде и најдобар асистент на Светските првенства.
По изведениот корнер при победничкиот гол, погодокот најпрво му беше потпишан на Кристијан Ромеро, а со тоа Меси доби асистенција.
Но, по мечот беше утврдено дека голот всушност е автогол на Дани Борхес, па асистенцијата на Меси му беше избришана.
Аргентинецот остана со осум асистенции колку што има и Марадона, но тоа може да се промени веќе на следниот меч, осминафиналето против Египет.