„Кралевите“ негираа дека имале обиди за ангажман на Мајкл Олисе и Енцо Фернандез, но во двете соопштенија има една голема разлика.
Реал Мадрид ова лето реши официјално да се огласи за да ги негира силните гласини за ангажман на Мајкл Олисе и Енцо Фернандез.
Со оглед на тоа дека трансфер шпекулациите се вообичаена работа, малку изненадуваат тоа што „кралевите“ реагираат на ваков начин.
Се верува дека ова е нова политика на Флорентино Перез, кој сака да покаже почит кон клубовите кои се инволвирани и да го задржи добрите односи со нив, но и да ги „смири“ навивачите, кои би можеле да останат разочарани доколку зделките не се реализираат.
Но исто така се забележува една голема разлика во соопштенијата за Мајкл Олисе и Енцо Фернандез.
Во денешната објава, Реал Мадрид меѓу другото и нагласи дека „воопшто нема намера да работи на еден ваков трансфер“.
Ова не беше спомнато во соопштението за Мајкл Олисе, па многумина толкуваат дека Реал Мадрид ја остава вратата отворена за Французинот, додека очигледно вратата за Аргентинецот е затворена, барем ова лето.