Лука Модриќ не го криеше разочарувањето по елиминацијата на Хрватска од Светското првенство, откако неговата селекција загуби со 2-1 од Португалија во шеснаесетфиналето.
Искусниот хрватски капитен најмногу се осврна на судењето и употребата на ВАР, оценувајќи дека технологијата не се применува еднакво за сите репрезентации.
„Мислам дека заслуживме многу повеќе. Немаше пенал. Да беше обратна ситуација, ВАР немаше да интервенира. Кажав дека не ми се допаѓа ВАР кога беше воведен, подоцна се покажа како корисен во одредени ситуации, но се злоупотребува затоа што го применуваат селективно и во зависност од тимот. Сметам дека ВАР треба да реагира ако постои сигурност дека е направена грешка, а не на ситуации како таа“, изјави Модриќ.
Хрватска го заврши настапот на Мундијалот по драматичниот пораз од Португалија, а изјавата на Модриќ сигурно ќе предизвика бројни реакции во фудбалската јавност.