Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Тотнем го мерка Ели Жуниор Крупи од Борнмут како засилување за офанзивата, фудбалерот има цена од 80 милиони евра, но очигледно ова не преставува проблем за „спарси“.
Тотнем ова лето троши како никогаш претходно, плати околу 52 милиони фунти за Ван Хеке, одвои рекордни 85 милиони фунти за ангажман на Матеуш Фернандеш, а наскоро дополнителни ќе ги промени границите со ангажман на Сандро Тонали за 100 милиони фунти.
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека инвестициите ќе продолжат и во следните недели, клубот од Северен Лондон сака да донесе барем уште три засилувања.
Едно од нив треба да биде ново име за офанзивната линија, а како што пишува Индипендент, на листата со желби е Ели Жуниор Крупи од Борнмут.
Арсенал и ПСЖ исто така пројавуваат интерес за Французинот, а популарните „цреши“ поставија цена до 80 милиони фунти.
Но како што пренесува Индипендент, оваа сума не е проблем за Тотнем, и клубот од Северен Лондон е подготвен повторно да го одврзе ќесето за да ја победи конкуренцијата.