На селекторот на Конго на прес-конференција му кажаа дека починал неговиот татко (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на репрезентацијата на Конго Себастиен Десабр, доживеа тежок момент по поразот од Англија на Светското првенство, откако за време на прес-конференцијата беше соопштено дека му починал таткото.

Конго беше поразен со 2-1 од Англија, а херој на „Гордиот Албион“ беше Хари Кејн, кој со двата свои гола ја однесе англиската репрезентација во осминафиналето, каде што ќе се соочи со Мексико.

По завршувањето на прес-конференцијата по натпреварот портпаролот на Фудбалската федерација на Конго француски јазик им се обрати на присутните со зборовите:

„Ви благодариме. Сакаме да ве известиме дека селекторот го загуби својот татко. Му изразуваме искрено сочувство.“

Тогаш можеше да се забележи и изненадувањето на селекторот Десабр кој очигледно тажната вест ја дозна кога и сите останати во салата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×