Ливерпул го
совлада Манчестер Сити со убедливи 3-0 во првата пресметк помеѓ овие две екипи
од четвртфиналето од Лигата на шампионите, а имаше инцидент при доаѓањето на
клупскиот автобус на гостинскиот табор, кон кого беа фрлани разни предмети,
сепак, приказната доби и втора страна, доста позитивна, станува збор за настан кој се случил по крајот на средбата.
Возачот на клупскиот
автобус на Сити, од страна на лекарскиот тим бил замолен да застане близу „Енфилд
Роуд“ за да се укаже помош на повредена навивачка на Ливерпул, по што лекарската
интервенција траела 25 минути, на исто место каде клупскиот автобус неколку
часа претходно беше нападнат.
Набљудувач на
целиот настан за медиумите на Островот го пренесе впечатокот од тоа што се
случилo: „Тие беа
неверојатни, тоа се случи на местото каде автобусот беше нападнат, но тие
воопшто не се двоумеа и помогнаа на навивачката на Ливерпул, Сити треба да се
гордее на ова“.
Инаку, клупскиот автобус на Сити по мечот беше заменет со друг, од причина што главниот беше на неколку места оштетен, како во овој случај…