Официјално: Баерн потпиша со еден од најперспективните напаѓачи на Светското првенство

by bojan
1 минути читање

Баерн Минхен го потврди трансферот на Исмаел Саибари од ПСВ, офанзивниот фудбалер е првото засилување за „баварците“ за новата сезона во зделка вредна околу 55 милиони евра.

Со почетокот на јули месец, клубовите полека почнаа да ги промовираат засилувањата за новата сезона.

Баерн Минхен попладнево се пофали со првото ново име, на „Алианц Арена“ пристигнува Исмаел Саибари од ПСВ во зделка вредна околу 55 милиони евра.

„Уште како дете сонував да заиграм за клуб како Баерн. Тоа е еден од најголемите клубови во светот, кој секоја сезона се бори за сите најважни трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Мојата цел е и јас да придонесам за освојување што е можно повеќе титули“ – вели Исмаел Саибари.

„Начинот на кој игра Баерн совршено ми одговара и верувам дека тука ќе можам да ги покажам своите квалитети. Ќе давам максимум секој ден за да му помогнам на тимот, а големо влијание врз мојата одлука имаше и тренерот Винсент Компани. Со нетрпение очекувам да почнам да работам со него.“

Исмаел Саибари, кој може да одигра на неколку позиции во нападот, важи за еден од најперспективните напаѓачи на Светското првенство, и запиша три гола на мундијалот во САД, а беше и стрелец на победоносниот пенал во дуелот против Холандија во 1/16 финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×