Неколку извори пренесуваат дека Тотнем е на добар пат да го ангажира Сандро Тонали во зделка вредна околу 86 милиони фунти (нешто над 100 милиони евра).
„Спарси“ минатата сезона за малку ќе испаднеа во втора лига, но прилично моќно го отворија трансфер пазарот.
Беспари беа донесени Марко Сенеси од Борнмут, Ендрју Робертсон од Ливерпул и Мартин Дубравка од Барнли, а беа одвоени околу 52 милиони фунти (околу 60 милиони евра) за ангажман на Јан Пол ван Хеке од Брајтон.
Вчера пристигна информација дека Тотнем ја добил битката со Манчестер јунајтед за потписот на Матеуш Фернандеш од Вест Хем во зделка вредна околу 85 милиони фунти (нешто под 100 милиони евра), што ќе биде историски трансфер за клубот од Северен Лондон.
Но не поминаа ниту 24 часа, а медиумите пишуваат за нова трансфер бомба, како што пренесе новинарот Џанлука Ди Марцио, Тотнем никогаш не бил поблиску до ангажман на Сандро Тонали.
Се шпекулира за зделка од околу 86 милиони фунти (нешто преку 100 милиони евра).
Новинарот Бен Џејкобс пак објави дека вкупната вредност на трансферот ќе изнесува околу 90 милиони фунти (околу 105 милиони евра).
Фабрицио Романо пак дополнително ги подгреа шпекулациите, со кратка објава, придружена само со емоткини, навести дека Тотнем има причина за оптимизам и дека наскоро би можеле да пристигнат добри вести.
ФОТО: X/Tottenham Hotspur