157
Бразил се пласираше во осминафиналето на Светското првенство со победата од 2-1 над Јапонија, но триумфот беше засенет од повредата на Лукас Пакета.
Играчот од средниот ред го напушти теренот поради проблем со задната ложа на левата нога, а од Бразилската фудбалска федерација потврдија дека станува збор за мускулна повреда на левиот бут.
Во следните денови Пакета ќе биде подложен на дополнителни медицински прегледи, по кои ќе биде утврдено колку време ќе отсуствува од терените.
Доколку повредата се покаже посериозна, тоа ќе биде голем удар за Бразил во продолжението од нокаут фазата, бидејќи Пакета е еден од најважните фудбалери во тимот на „кариоките“.