121
Карло Анчелоти открива дека бил подготвен да го пушти Нејмар во игра доколку имаше продолженија, но за среќа на Бразилците не дојде до такво нешто.
Анчелоти вели дека Бразил не го загубил трпението и смета дека Јапонија не е лесен противник.
„Не го загубивме трпението, имавме многу ресурси на теренот и на клупата. Јапонија не е лесен противник, многу се организирани и интензивни“, рече Анчелоти.
Тој беше прашан зошто во финишот не го стави Нејмар кој се загреваше во текот на целото второ полувреме.
„Го чував за продолженија. Ќе влезеше на терен во 105 минута ако не дадевме втор гол. Не сакав да ја менувам структурата бидејќи тимот играше добро“, одговори Италијанецот.