„Спарси“ силно притискаат за ангажман на Сандро Тонали, се говори дека двете страни си имаат подадено рака за шестгодишна соработка тешка околу 86 милиони фунти.
Сандро Тонали ова лето се најде на радарот на речиси сите гиганти од Премиерлигата, интерес за неговите услови пројавија Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Тотнем и Ливерпул.
Но во моментов најконкретен во намерата е Тотнем, се шпекулира дека „спарси“ веќе си подале рака со Италијанецот за шестгодишна соработка тешка околу 86 милиони фунти.
Кога Арсенал опипал терен и му била кажана оваа сума, односно плата од околу 275.000 фунти неделно, „топчиите“ веднаш се повлекле поради тоа што сметаат дека вкупниот пакет е прескап.
Њукасл веќе одби две понуди, иако двете беа идентични – 80 милиони фунти, но се говори дека Тотнем ќе се врати и со трет предлог.
На маса ќе бидат ставени околу 86 милиони фунти (околу 100 милиони евра) и останува да се види дали ова ќе биде доволно за „спарси“ конечно да го реализираат овој историски трансфер.