Карвахал кариерата може да ја продолжи во Италија

by Стефан
1 минути читање

Дани Карвахал и официјално стави крај на својата ера во Реал Мадрид и веќе е во потрага по нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

По неколку сезони во кои често се соочуваше со повреди, искусниот десен одлучи реши да го напушти „кралскиот клуб“. Иако на негова адреса пристигнале повеќе богати понуди од Саудиска Арабија и Катар, Шпанецот ги одбил сите.

Според последните информации, Карвахал не планира да остане во шпанскиот фудбал, а како најреална следна дестинација се споменува Италија.

Најголем интерес покажува Интер, кој е подготвен да му понуди место во стартниот состав. Токму можноста за редовна минутажа е една од главните причини поради кои искусниот дефанзивец сериозно ја разгледува понудата од „нераѕурите“.

Според медиумските информации, Карвахал е заинтересиран за преселба во Милано, а во наредниот период би можело да следуваат и конкретни преговори меѓу двете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×